Познатиот глумец Аљоша Вучковиќ во средината на декември наполни 74 години, а скоро две години не е активен во светот на глумата.
– Ништо не работам и неможам да работам. Болен сум и не се чуствувам добро, тоа е една од причините зошто не глумам – рекол своевремено во едно од последното обраќање во јавноста, несакајќи да ги открие деталите за болеста.
– Мислам дека доволно направив. Можам уште, но не сум ни во години ни во позиција да прифатам било што. Не ми е потребно. Мислам дека не е и прескромно, ни насилно тоа што сега барам некој свој мир.
Вучковиќ во Белград живее со сопругата Едите, со која има две ќерки Леа и Сара.
Аљоша најмногу го паметиме по улогите од “Вело мисто“, но и во серијата “Подобар живот“, каде што го игра др. Лукшиќ.
Аљоша Вучковиќ ја играл улогата на млетачки државник Јован Доланд во “Немањиќи“, што била и негова последна телевизиска улога пред да се повлече.