Џенифер Лопез се сликаше со сестрите кои ретко ги покажува во јавност. Таа позираше за Денот на благодарноста со целото семејство. Сестра ѝ, авторката Линда Лопез ги објави фотографиите на кои е и најстарата Лесли. Се сликаа во станот на Џенифер во Њујорк, а обожавателите им забележаа дека многу си личат.
„Убаво е што ве гледам заедно“, „Убави сестри“, „Сите изгледате фантастично“, се дел од многуте комплименти под фотографиите кои ги објави Линда.
Сепак, многумина забележаа дека првата фотографија е видно обработена и помината низ бројни филтри кои го менуваат обликот на лицето, додека втората е далеку пореална, па сестрите на Џеј Ло, дури ни самата пејачка, не изгледаат препознатливо.
„Две баби до кралицата“, „Можеби е подобро ни да не се сликале“, „Убавица и две погрди сестри“, „Некој да им каже дека можеме да видиме како изгледаат без филтер“, се некои од реакциите на Твитер.
Линда и Лесли не се како сестра им во шоу-бизнисот. Линда е помлада од Џенифер и работи како новинарка во Њујорк, а Лесли е најстарата од сестрите и е вработена како професорка по музика во училиште во Бронкс, каде што сестрите пораснале заедно.
Покрај сестрите, Џенифер празникот го мина и со сопругот Бен и нивните деца. Џенифер ги има близнаците Ема и Макс од бившиот Марк Ентони, додека Афлек ги има Виолет, Серафина и Самуел кои ги доби со Џенифер Гарнер. Неодамна пејачката го најави и новиот албум за 2023 година.