Двегодишно дете примено на Инфективна

by Тони Зографски

-Вчера на Клиниката за инфективни болести било примено двегодишно дете, кое е стабилно – информира министерот за здравство Венко Филипче и додаде:

-Македонија влегува во втората фаза од епидемијата.  Наскоро очекувам деќа ќе предложиме засилување на мерките за ограничување за граѓаните. Апелирам граѓаните максимално да ги почитуваат мерките и физичките контакти да се сведат на минимум. Често се јавува и асимтоматско ширење на вирусот и од тие причини потребно е да се седи дома, нагласи Филипче.

Инаку, во нашата држава има 52 случаи на здравствени работници кои се заболени од коронавирусот.

Од вчера во функција е ставена и болницата 8-ми Септември во која ќе се користат и кревети за хоспитален третман.

На донациската сметка веќе се стигнати донации во вредност од 500 илјади евра , како и медицински материјали.

 

 

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com