На истокот на Турција, во село во близина на градот Бингол, змија каснала двегодишно девојче, по што детето ја каснало змијата, пишуваат турските медиуми.
Девојчето е пренесено во болница и е во добра состојба.
Таткото на девојчето за локалните медиуми изјавил дека инцидентот се случил во дворот на семејната куќа.
„Додека бев на работа ми се јавија и ми рекоа дека моето дете го каснало змија. За среќа, додека стигнав детето веќе беше пренесено во болница. Како што ми кажаа соседите, детето ја држело змијата во рака и си играла со неа кога го каснала.Им благодарам на моите соседи и Господ нека ги благослови“, изјавил таткото Мехмет Еркан.
Соседот кој го видел малото девојче како ја гризе змијата го оддалечил животното од двегодишното дете и повикал помош. Змијата ја каснала за долната усна.
“Лекарите ми рекоа дека наодите се чисти и дека таа треба да биде под опсервација 24 часа. Би ги повикал родителите да внимаваат на своите деца. Секогаш внимавајте на нив”, рекол таткото на девојчето.