Еден од водечките германски виролози и директор на Институтот за вирологија и истражување на ХИВ на Универзитетот во Бон, професорот Хендрик Стрек, изјави дека не очекува вирусот корона да исчезне, туку да стане нов вид на постојано присутен вирус.
„Во моментов има четири ендемични вируси на Корона во светот кои влијаат врз луѓето и мислам дека САРС-КоВ2 се развива во таков вирус“, изјави тој.
Стрек изјави дека вирусот не може да се уништи сè додека не ја добиеме вакцината.
„До денес не најдовме вакцина против патогените човечки типови на Коронавирусот, затоа мора да го интегрираме САРС-КоВ2 во нашите секојдневни животи“, рече тој во интервјуто за Спутник.
Зборувајќи за главните фактори на инфекција, Стрек рече дека постојат два фактори кои се карактеристични за респираторни вируси или за Коронавирусот, кои придонесуваат за инфекција, а тоа се близината и времето.
„Ако сте покрај заразено лице и поминете многу време со него, најверојатно ќе се појави инфекцијата“, истакна Стрек, додавајќи дека ризикот од инфекција се зголемува понатаму во затворено, бидејќи отсуството на ветер и сонце значи дека капките од вирус можат полесно да преживеат во воздухот.
Тој изјави дека маските се ефикасни затоа што можат да го намалат ризикот од инфекција САРС-КоВ2, како што покажаа некои студии.
„Но, ако маската се користи неправилно, ако се носи неколку недели, ако не се испере, постојано се допира, тогаш таквата маска е погодна за бактерии и вируси“, изјави Стрек и предупреди дека може да предизвика и други болести.