Два нови случаи на корона вирус во Македонија. Заболените се сопружници од Дебар, кои пред неколку дена се вратиле од Италија.
Министерството за здравство информира дека денеска во попладневните часови тие биле тестирани на корона вирус и нивните резултати се позитивни на вирусот.
Министерството за здравство ги собира деталите за пациентите. Со дополнителните информации, министерот Венко Филипче ќе одржи прес конференција во 19:30 часот.