Два земјотреси утринава се регистрирани во Македонија. Според податоците од Европскиот медитерански сеизмолошки центар првиот земјотрес е регистриран во 8 часот со јачина од 2,6 степени на пет километри од Карбинци.
Вториот земјотрес бил почувствуван 15 минути подоцна со епицентар на 7 километри од Кочани и јачина од 2,7 степени.