Најстарата ќерка на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, Иванка Трамп, минатиот викенд го прослави својот 40-ти роденден во Мајами, а на социјалните мрежи протекоа фотографии на кои се гледа како таа ужива во друштво на пријателките во кавијар и шампањско.
Со мноштво пријателки, кои само поради неа пристигнале во Саут Бич од цела Америка, Иванка Трамп со стил го прославила својот 40-ти роденден. Ќерката на поранешниот американски претседател роденденот го прославила во познатиот клуб „Сурф“, кој се наоѓа во склоп на хотелот „Четири годишни времиња“, каде што уживале во вечерата.
Големото друштво подоцна се упатило кон приватниот клуб „ЗЗ“, лоциран во Дизајн Дистрикт, а целата прослава наводно траела цели два дена.
„Девојките два дена уживаа пловејќи со бродот, сончајќи се на плажите, пиејќи шампањско… Имаше торта и кавијар и се“, открил добро информиран извор, откривајќи дека и сопругот на Иванка, Џаред Кушнер, се појавил накратко на вечерата во клубот „Сурф“.
Инаку, Иванка и нејзиниот сопруг и нивните три деца, исто како и нивниот татко и браќата, по заминувањето од Вашингтон се преселиле во Мајами, каде што градат и луксузна вила. Животот во Мајами, по Њујорк и Вашингтон, совршено им одговара, па не е изненадување што и тие брзо се адаптираа.