“Простете што доцнам. Задоцни спроводот бидејќи бев нападнат од двајца затворски службеници.“ Ова при влез во судница го изјави Бојан Јовановски кој денеска со лисици на раце од истражниот затвор “Скопје” е спроведен на тековното рочиште за процесот “Рекет” каде тој е првообвинет.
Случајот „Рекет”, го води Кривичниот совет предводен од судијката Васка Николовска-Масевска, односно обвинението го застапува шефицата на Обвинителството за борба против организираниот криминал и корупција, Вилма Рускоска.
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври лани поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски.