Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека во еден скопски хотел се сместени двајца странски туристи кои се можни носители на корона вирус.
Од хотелот информирале дека кај нив се сместени двајца туристи еден од Сингапур и еден од Австралија. Тие пристигнале на 28 февруари, а последните три дена покажувале симптоми на корона вирус.
Мобилни здравствени екипи веќе зеле брисеви од странците и се пратени на анализа.
До објавување на резултатите гостите остануваат во карантин во хотелската соба.
Инаку, досега 4.250 се заболени од Ковид 19 во Европа. Вирусот се шири, посебно во Италија. Оваа земја ги затвори сите училишта и факултети. Тие нема да работата најмалку две недели.
Македонската Влада ја продолжи мерката за неодржување на манифестации уште една недела.