На сите нѝ е веќе познато дека цените на лежалките во Грција ја надминаа секоја мерка, па поради тоа Србите решија да ги „надитрат“ како сопствениците на барови на плажа, така и самите Грци.
Ова видео од двајца креативни Срби стана хит на социјалните мрежи за кратко време.
Имено, двајцата момци престојувале на Закинтос. Тие се упатиле на плажа, но со себе понеле кревет кој го ставиле покрај морето, а потоа се опуштиле на истиот тој кревет.
„Лежалките се прескапи, па си носиш кревет“, се наведува во видеото објавено на ТикТок, а објавата наиде на одобрување на многумина.
Не изостанувале ниту коментари: „Супер, кој знае, знае!“, „Кралеви“, „Добредојдовте на Балкан!“, „Поевтино е да купиш кревет отколку да изнајмиш лежалки“…