Шпанските власти ја истражуваат мистериозната смрт на рускиот милионер Сергеј Протосења и неговото семејство, кои се пронајдени мртви во нивната вила во Љорет дел Мар. Меѓу сценаријата кои се разгледуваат е дека 55-годишниот Протосења ги убил сопругата и ќерката со секира и нож, пред да се обеси. Неговото тело е пронајдено во дворот на вилата.
Сепак, локалните власти велат дека доказите засега не упатуваат дефинитивно на тоа, ниту пак е пронајдено проштално писмо. Истрагата останува отворена.
Протосења седум години беше потпретседател на руската компанија за природен гас „Новатек“ и неговото богатство се проценуваше на 330 милиони долари.
Ова следува откако во понеделникот во стан во Москва беа пронајдени телата на уште еден руски мултимилионер и на неговите сопруга и ќерка. Државните медиуми објавија дека 51-годишниот Владислав Авајев бил застрелан, исто како и трудната сопруга Јелена и 13-годишната ќерка Марија. Првичните сознанија сугерираат дека Авајев го убил своето семејство, по што се самоубил, но полицијата истражува и други траги.
Авајев беше потпретседател на „Газпромбанк“, третата најголема банка во Русија, пред ненадејно да поднесе оставка. Тој исто така порано бил функционер во Кремљ