Двајца доктори кои биле на предавање во Мадрид ќе се проверуваат дали се позитивни на коронавирус, откако кај еден од предавачите бил откриен коронавирусот, истакна министерот за здравство, Венко Филипче. Тој посочи дека е мала веројатноста тие да се носители, но сепак ќе бидат во карантин.
„Во државата викендов се стигнати десетина автобуси и авиони. Сите патници се испрашани, немаме податок дека некој е заболен или дека некој од испрашаните бил во контакт со заболени лица. Бевме известени од СЗО дека двајца наши колеги, а кај еден од предавачите било потврдено дека е заболен од коронавирус. Докторите дошле од Мадрид во земјава во саботата доцна навечер, немале контакт со други луѓе освен семејствата. Ќе бидат тестирани, а ќе бидат и во карантин. Со оглед на тоа што велат дека со тој предавач немале контакти, со оглед на малата експоненција, сметаме дека е исклучително мал ризикот да бидат носители или преносители“, рече Филипче.