Српската пејачка Марина Радосављевиќ била претепана синоќа во Врњачка Бања. Нападот се случил околу 19:30 часот пред локалот каде Марина требало да настапи.
-Вечерва ми се случи една многу страшна работа околу 19:30, страшна пред се за секоја припадничка на понежниот пол, а потоа и за жена која се занимава со јавниот живот, музиката. Јас сум во неверување, но сум толку добра и ментално стабилна што обидот за заплашување, тепање и евентуално убиство можам да го сведам на кукавичлук и лошиот систем на функционирање на денешницата и се што е далеку од срцето и од Бога. Дали сме во Тексас или Врњачка Бања, Србија?! Се чувствувам исклучиво разочарана и незаштитена, напиша пејачката.
Таа објасни дека синоќа, откако дошла на местото каде треба да има настап, излегла од автомобилот, а двајца мажи ја нападнале.
-Двајца крупни мажи, без никаков вербален разговор, ме нападнаа маскирани. Еден од нив невешто испрска солзавец, другиот ме собори на земја и двајцата ме тепаа, без никаква причина. Значи, кој и да е и што и да сакал да постигне со ова, треба многу да се срами, по која било основа и со било какви мотиви, истакна Марина.
Таа очекува надлежните органи да го решат случајот.
Пејачката напиша дека беспомошно лежела на подот додека тие избегале. Потоа објави фотографија на која ги покажува повредите.