Две лица кои присуствувале на неодамнешната конференција во Вашингтон се позитивни на коронавирус, соопшти Американско-израелскиот совет за јавни работи.
“Потврдено е дека најмалку двајца тестирани учесници на политичката конференција во Њујорк се позитивни на коронавирусот“, се вели во соопштението на АИПАК објавено на Твитер.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, исто така, беше меѓу бројните учесници на годишната конференција на АИПАК одржана од 1-3 март во Вашингтон.
Инаку, претставниците на АИПАК тврдат дека тие се во постојана комуникација со релевантните здравствени служби, како и дека се консултирале со водечкиот инфектолог Едвард Септимус од Медицинскиот колеџ во Тексас и ги советуваат учесниците да ги следат упатствата на здравствените работници.
На учесниците на конференцијата им се советува да контактираат со нивните локални здравствени услуги доколку се позитивни за вирусот за да дадат соодветен одговор.