Дваесет и четиригодишен студент е извршител на масовното убиство на Универзитетот во Прага

by Тони Зографски

Најмалку 10 луѓе се убиени, а над 20 се ранети од кои девет тешко во масовното пукање во зградата на зградата на Филозофскиот факултет и Факултетот за уметност на Карловиот универзитет во Прага, пренесува чешката новинска агенција ЧКТ. Полицијата соопшти дека напаѓачот е елиминиран. Чешкиот министер за внатрешни работи Вит Ракусан истакна дека „напаѓачот бил млада личност“ и според чешките медиуми станува збор за 24-годишен студент кој претходно бил поврзан со друго насилно убиство во селото Кладно, 24 километри од чешката престолнина. Полицијата, при потрагата по Давид Козак, утврдила дека тој всушност е извршител на масовното убиство на Универзитетот во Прага.

„Врз основа на првичните информации, можеме да потврдиме дека на лице место има мртви и повредени. Полицијата е излезена на терен, а целиот плоштад „Јан Палах“ и околината се целосно затворени“, соопшти чешката полиција на платформата Икс.

На лице место се наоѓаат и бројни медицински екипи, а на снимките штоп се шират на социјалните мрежи се гледаат луѓе како истрчуваат од зградата на факултетот која е во полициски обрач.

Новинската агенција Акту.цз наведува дека напаѓачот користел „долго оружје со оптика“.

„Моментно сум заглавен во својата училница во Прага. Напаѓачот е мртов, но чекаме да бидеме евакуирани. Се молам да излезам жив. Ја заклучив вратата пред обидот на напаѓачот да ја отвори. Пекол“, напиша Јакоб Визман.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com