Пријатели на семејствата на насилниците од Штип кои денес беа лишени од слобода откако се појави видео на кое се гледа како претепуваат девојка, го контактирале штипскиот адвокат Кристијан Мицевски да ги застапува, но тој ги одбил.
„Го пишувам ова, па макар и лиценцата да ми ја одземат. Пред некое време, денес, добив повик од пријатели на семејствата на ,,тепачите” да им бидам адвокат и да ги бранам, да сум помогнел. Мојот одговор беше – Да, јас ќе помогнам, ама на девојчето! Затворив слушалка… Добро бре ,,фраери”, дали сте нормални вие? Баш ме интересира кој колега добар збор за вас ќе каже? Има ли пари кои ќе ме натераат на тоа? Поздравете по дома, па ќе се видиме за некоја година, квази фраери!“ напиша Мицевски на својот Фејсбук профил.
Инаку, откако денес на социјалните мрежи беше споделено видеото со насилството врз девојката, од МВР потврдија дека насилниците биле уапсени.