Од сите цицачи на светот луѓето се единствениот вид кој консумира млеко во текот на целиот живот. И тоа не од сопствени извори (како цицачи го произведуваме сами), туку собирајќи го млекото од другите цицачи. Истражувањата на нутриционистите, а потпишани од цела медицинска струка, веќе со децении покажуваат дека целоживотното консумирање млеко е неприродно, нездраво, а доколку малку повеќе се размисли и нелогично.
Луѓето и млекото
Со останатите цицачи го делиме фактот дека во возрасниот период ја губиме способноста за квалитетно разградување на млекото. Бидејќи кога ќе пораснеме со млекото кое сме го цицале од мајчините гради сме го поминале првиот дел од животот, во кој не сме биле во состојба да јадеме цврста храна, повеќе не е потребно и ни недостасува ензим за негова разградба. Посебно треба да се земе со резерва консумацијата на „здравите домашни” овчи и козји млека. Во многу случаи на пример кај старите лица, остеопорозата (создавање на порозност, а со тоа намалување на волуменот и слабеење на коските) и се припишува највеќе на консумацијата на козјо млеко.
Прашањето е дали воопшто треба да пиеме млеко и како влијае на нашето здравје, а сигурно ќе се најдат многумина со традиционални погледи на оваа намирница. Млечната индустрија, пропагандата и лобито да не ги спомнуваме.
Млекото од животинско потекло е опасно по здравјето?
Потребата за калциум луѓето мора да ја задоволуваат, но млекото е последната работа која би требало да ја внесуваат поради ова. Зелениот лиснат и останат зеленчук, тофу, семките, оревите, сувите смокви се одличен растителен извор на калциум, кој притоа штити од остеопороза која настанува токму од прекумерно хронично внесување на белковини од животинско потекло
Кравјото млеко со својот состав не е наменето за човековата исхрана, туку за растење на телињата. Затоа, не изненадува дека неговата консумација може негативно да влијае на здравјето на децата и возрасните. Млекото доаѓа од крави деформирани со селективен расплод, вкрстен расплод и вештачко оплодување. Наместо со трева, се хранат со сточна храна полна со хемикалии, често надополнета со антибиотици и хормони. Повеќето млечни производи содржат алергени, масти, холестерол, хербициди, пестициди, бактерии и вируси, пишува Т-Портал.
Некои медицински факти
Набројаните работи подоле треба да се земат со максимална доза на внимание – кај возрасните: болките, грчевите, проливот, надуеноста поради неподнесување на млечниот шеќер лактоза, зголемена склоност кон артеосклероза, кардиоваскуларни и цереброваскуларни болести, алергиски реакции на млечни белковини и на загадувањето во млекото, зголемен ризик за заболување од одредени видови рак, заразни болести предизвикани од разни видови бактерии, вируси и други микроорганизми со кои млекото и млечните производи може да бидат заразени, отпорност на антибиотици поради честа изложеност на антибиотици од кравјото млеко, влијанието на хормоните, наталожените пестициди и другите загадувања, можната поврзаност на разни видови леукемии со кравјиот вирус на леукемија и слично. Во детството: алергии, констипација, сидеропенична анемија, инфекција на ушите, затнување на синусите, астма, ран почеток на артериосклеротични промени на вените и артериите, јувенилен дијабетес (тип 1) од кој луѓето остануваат доживотно врзани за инсулин, акни, кариес, пречки во варењето вклучувајќи го синдромот на иритација на цревата, заразни болести, прекумерна дебелина….
Кога ќе се прочитаат имињата на горе набројаните здравствени проблеми на кои не предупредуваат само активистите за животински права, туку и докторите и нутриционистите кои ги поврзуваат со консумацијата на млечни производи, тогаш би требало добро да се информираме за своите прехрамбени навики.