На социјалните мрежи се повеќе луѓе бараат починатите од ковид-19 да не останат само како маргинална бројка, а во последните што се приклучува кон тоа е и новинарката на ТВ Телма, Снежана Лупевска – Созен. Таа преку својот Фејсбук профил апелира до властите да направат вечен спомен за овие луѓе.
“Починатите од КОВИД не се само бројка , статистика, безимени лица со години во заграда …така ги објавуваат секој ден. Тие се луѓе, наши луѓе, пријатели, роднини, семејства, соседи …професионалци во својата област , работници.. . Покренувам иницијатива до властите да направат вечен спомен за овие луѓе никогаш да не ги заборавиме, ако треба да поднесеме некој официјален документ до нив , барање.. . По примерот на Vjecna Vatra во Сараево. Доаѓаат празници, Великден, Бајрам , Први Мај..денови кога може да ја реализираме оваа иницијатива“, напиша Лупевска на својот Фејсбук профил.