Популарната пејачка Џенифер Лопез со момчето Алекс Родригез се појавила на прослава на матурата на неговата најстара ќерка во Мајами. Пејачката блеснала и привлекла големо внимание со својот изглед, а за оваа пригода одлучила да носи розов фустан и крем штикли.
Фустанот на пејачката имал длабок шлиц кој ги истакнувал нејзините долги нозе, но во еден момент се видело премногу.
На пејачката премногу ѝ се отворил шлицот па под нејзиниот фустан се видел корсетот кој ѝ го обликува телото и прави фигурата да изгледа што подобро.
Џенифер важи за една од најзгодните пејачки на светот, а на социјалните мрежи често знае да се пофали со фотографии од теретана на кои нејзините стомачни мускули и прекрасни облини се на прв план.
Меѓутоа, никој не претпостави дека до нејзината совршена фигура оваа пејачка доаѓа со помош на корсет.