Водителката и инфлуенсерка Миа Костова ѝ го честиташе 59-тиот роденден на својата мајка Оливара и по тој повод на Инстаграм објави нејзина фотографија.
„Сите имаат мајка, ја имам 59 годишна риба и сум и прва љубов. Чисто информативно, дупла шкорпија со месечина лав. Халоувин квин. Сликава е нова, од стомаков изглегов пред 36 години. Среќен мајка! Љуби те Миа“, пишува во описот на роденденската честитка.
Инаку, мајката на Миа, изгледа неверојатно добро за своите години. Совршено тело, младешки стил, многу тетоважи, обожава плажи, мотори.