-За жал, пренесувањето на вирусот покажува опасен нагорен тренд, – рече министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас по состанокот за Ковид-19 во премиерската палата.
Тој најави дека ќе бидат соопштени нови мерки, а упати и апел до младите.
-Уште еднаш упатувам апел до младите и до граѓаните што не ги почитуваат основните мерки за индивидуална заштита, маски, хигиенските правила, растојанието, да ја земат предвид нивната одговорност кон ранливите групи граѓани и останатите наши сограѓани во земјата, рече Кикиљас додавајќи дека Владата ќе соопшти нови мерки.