Поранешната победничка на “Песната на Евровизија“ Кончита Вурс одлучи комплетно да го смени имиџот. Таа продолжи со гламурозни фустани на своите настапи, но во нејзиниот најнов спот реши да се претстави во некое друго издание.
Во спотот за песната “Hit Me” Кончита има седа коса и брада, а на себе има тренерка. Таа е во улога на детектив кој ги испитува мажите. Кончита на спотот се појавува и во комбинизон и изгледа дека за прв пат имаме прилика да ја видиме во вакво издание.