„Никогаш не сакав да излезам од сенката на мојот татко или моето семејство, кое се занимаваше со една успешна бизнис приказна. И денес слушам муабети за себе, дека во некои работи сум успеал оти сум син на Зоре Темелковски, ама веќе навикнав на тоа. Искрено, јас никогаш не бегав од тоа кој сум, но големи беа кондурите на мојот татко за да ги пополнам, кога веќе споредувате, но секогаш се трудев да одам по неговиот пат”. Ова е само дел од приказната за градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, кој ќе се бори за уште еден мандат во својата општина.
Низ разговорот за „Репортер“ дознавме многу за него. Со особен мерак зборува за „Ино спектар” соковите кои се произведуваа во Македонија. „За нив и денес се зборува. Јас растев со семејниот бизнис во кој беа сите, татко ми генерален директор, ама беа вклучени и мајка ми и тетка ми, цела фамилија”, ни открива Темелковски.
Ако го прашате за Кисела Вода, вели секогаш е субјективен, оти кај тука пораснал, тука му е семејството, а од тука му се другарите со кои 30 години се дружи.
Во политиката е од 18 години, па така и ја запознал сопругата Ивана со која е пет години во брак и имаат син. Вели: Во паријата често се шалевме, дека за некои луѓе да не беше политичката партија немаше да се оженат. И на крај и со мене така излезе. Јас и сопругата партиски се запознавме на еден настан. Јас од Кисела Вода таа во Карпош и така почна љубовта”, искрен е Темелковски, чија сопруга била многу повеќе од него политички активна, ама решила да се повлече од политика.
„Многу сум ѝ благодарен, зашто кога јас кога одев напред во политиката веќе бевме длабоко во врска, па незгодно беше двајцата да тераме политичка кариера. Таа се повлече, сега студира постдипломски и работи во Општина Карпош”, раскажува градоначалникот Темелковски.
Со Филип зборуваме за сè. За бракот и синот, за семејниот бизнис, за неговиот татко, приказната за „Ино спектар” соковите. Дознавме зошто му било тешко да се реши за брак, како заврши сликата на социјалните мрежи кога со директорот на ЗОО ги прекршија мерките па гледаа групно ракомет Македонија-Данска. Го бива ли за готвење, внимава ли на стилот, зошто во кафеана ја нарачува „Бисер Балкански”, за односот со двајцата браќа и колку се променил откако е градоначалник, Темелковски во интервју ја раскажа својата приватна приказна.
Comments are closed.