“Да бев на некое друго место на планетата, а не во Виетнам, ќе бев мртов. Би притиснале копче и ќе ме исклучија по еден месец. Вака бев на респиратор повеќе од 60 дена, а целата болница се бореше да преживеам”, раскажува од болнички кревет шкотскиот пилот Стивен Камерон, кој стана познат како „Пациент 91“.
42-годишниот шкотски пилот помина 68 дена на механичка вентилација, подолго од било кој пациент во Велика Британија. Коронавирусот не го смести во болница во неговиот роден град Мадервел, туку во пренаселениот град Хо Ши Мин, главниот град на Виетнам, без блиски пријатели или семејство илјадници милји далеку.
Предизвика внимание во јавноста
Камерон е последниот сериозен пациент од одделението за интензивна нега во Виетнам со кој тамошните лекари требало да се соочат за време на пандемијата.
Земјата со 95 милиони луѓе имаше само неколку стотици потврдени случаи и нема регистрирани смртни случаи како резултат на коронавирусот. Поради тоа, случајот на Камерон доби исклучително внимание во Виетнам, така што секој детаљ за неговото закрепнување беше објавен во домашните весници и телевизиските вести.
Тој сега е познат низ целата земја како „Пациент 91“, што беше официјалниот број што му го дадоа здравствените работници кога се разболе во март.
„Јас сум многу трогнат од начинот на кој ме прими виетнамскиот народ. „Јас сум најмногу благодарен за крвавата пожртвуваност на лекарите кои се бореа да не умрам“, вели Камерон, пренесува BBC.
Немилосрдна борба
Десетици виетнамски специјалисти за интензивна нега одржаа редовни конференциски повици за да разговараат за состојбата на Камерон.
„Многу мал број на пациенти на кои им беше потребна интензивна нега го привлекоа посебно внимание на сите клиничари и најголемите експерти во земјата“, објаснува д-р Кидонг Парк, претставникот на Светската здравствена организација (СЗО) во Виетнам.
Голем дел од два и пол месеци Камерон поминал во медицински индуцирана кома, зависел од специјален уред, ECMO машина, која се користи за поддршка на одржување на виталните човечки функции само во најекстремни случаи со цел пациентот да преживее. Овој уред повлекува крв од телото на пациентот и ја збогатува со кислород пред да ја внесе назад во неговото тело.
10 проценти шанси
„Среќен сум што единствениот постојан несакан ефект се чини дека се моите нозе кои сè уште не се доволно силни за да го задржам телото, но правам физиотерапевтски вежби двапати на ден“, вели овој пилот.
Тој додава дека неговите шанси за опстанок биле минимални.
„Во еден момент, британската канцеларија за надворешни работи му рече на мојот пријател Крег дека имам само 10 проценти шанси за преживување, па тој се подготвуваше за најлошото. Тој го провери мојот стан и почна да ги прави работите што секој ги прави ако некој член на семејството или пријател се врати дома во ковчег“, вели Камерон.
Откако си дошол при свест, тој веќе имал шокантни телефонски разговори со пријателите во Велика Британија, кои не мислеле дека ќе се извлече од тоа.
Повеќекратни компликации
Лекарите мораше да се справат со повеќе компликации додека Камерон бил во кома.
Неговата крв стана крајно леплива, што доведува до формирање на згрутчување. Неговите бубрези, во меѓувреме откажувале, што значи дека му требало дијализа, додека капацитетот на белите дробови се спуштил на 10 проценти.
„Кога излезе во печатот дека ми треба трансплантација на белите дробови, многу луѓе излегоа да ми понудат, вклучително и 70-годишен виетнамски воен ветеран“, Камерон ја опиша својата борба за живот во Виетнам.