Руската тенисерка, Марија Шарапова преку социјалните мрежи го предизвика Новак Ѓоковиќ да ја изедначи нејзината донација од 25.000 долари за помош од пожарите во Австралија.
„Австралија 15 години беше мојот дом во јануари. Гледајќи како огнената стихија ја уништува земјата, семејставата и животните, чувствувам како ми се крши срцето. Сакам да почнам со донација од 25.000 долари. Новак Ѓоковиќ, можеш ли да ја изедначиш мојата донација?“ – го праша Шарапова Србинот.
Набрзо доби потврден одговор.
„Да Марија, би сакал да ја изедначам твојата донација од 25.000 долари за да го дуплираме износот на помош кон оваа заедница. Со тебе сме, Австралија.“ – напиша Ѓоковиќ.
Инаку, можеби најитересна идеја за донација даде Австралијанецот Ник Кирјос, кој ќе донира по 125 евра за секој сервиран ас, а таквата идеја ја прифатила и Петра Квитова.