Новинарот Мирче Адамчевски е еден од излекуваните од коронавирусот и од утре ќе може да излезе од самоизолација. Своето искуство од лекувањето Адамчевски го сподели на „ММС.мк.“
-Да, лежев на Инфективна две недели, уште две недели во изолација и конечно од утре ќе излезам да се прошетам. Заболев дома,се собравме и некој од членовите на семејството го донесе и по неколку дена се појавија симптомите. По 10 дена се зголемија, се зголеми температурата и матичниот лекар ми рече дека треба да одам на Инфективна. Поминав две недели на инфективна како средно -тежок пациент, бидејќи таму се делат на лесни, средно – тешки и тешки. Не знам со кои лекови бев третиран. Дневно примав неколку инфузии и вториот ден веќе ми спадна температурата. Полека се опоравував. Морам да кажам пофални зборови за персоналот на Клиника …
Што најмногу те нервираше?
-Таму цело време бев во контакт со надвор, нормално со мобилнот и мене ми пречеше кога некои постојано викаа дека мерките за борба со корона вирусот се строги. Нив би им предложил барем една ноќ да поминат на Инфективна, да слушаат кашлање, кога ти се чини дека во болница ќе си ги искашлаш дробовите, офкања, повици од некои кои горат од температура, некои се бањаат во пот. Ако поминат ноќ на Клиника тогаш критичарите ќе почнат мерките да ги благословуваат.
Како се справуваш со озборувачите? Многумина кои го надминале коронавирусот сега имаат проблем со околината.
-Има една работа која ме вознемирува. Веќе ми кажаа дека кон оние кои се негативни на коронавирус се однесуваат како кон лепрозни. Ги избегнуваат контактите со нив, на работа, на пример. Човек се вратил на работа и вели: „Се однесуваат кон мене како лепрозен“. А тој веќе негативен. Тоа загрижува. Конечно сегашнава состојба покажа дека во државава треба да се создаваат системи за вонредни состојби…
Целото интервју на „ММС.мк.“