Во своите мемоари „Spare“, принцот Хари во неколку наврати ја спомна својата мајка, покојната принцеза Дајана.
Војводата од Сасекс посетил жена која поседува „моќ“ да комуницира со мртвите. Меѓу другото, Хари тврди дека остварил контакт со неговата покојна мајка. Јасновитката му кажала на сеансата дека мајка му е до него, а тој рекол дека го чувствува нејзиното присувство.
„На елката лани имавме лампион со ликот на баба ми Елизабета, ама Арчи го скрши. Тоа никој не го знаеше освен јас и Меган. Но јасновитката ми го кажа сето тоа напоменувајќи дека мојата мајка преку неа и го кажала тоа потенцирајќи дека мама рекла дека сум целосно на неа, со борбен дух и измачуван од поширокото семејство- пишува Хари.
По една година врска, тој ја однел својата сегашна сопруга, Меган Маркл на гробот на принцезата Дајана и напишал во книгата дека е сигурен дека неговата мајка ја лажирала нејзината смрт во париски тунел и побегнала.
Принцот Хари имаше 13 години кога неговата мајка загина во сообраќајна несреќа. Во времето кога му било кажано дека мајка му починала, тој бил во замокот Балморал на северо-источниот дел на Шкотска. Тој призна дека тогаш мислел дека мајка му ги измамила сите.
“Нејзиниот живот беше ужасен. Многупати беше малтретирана, уценувана и лажена. Затоа ја лажираше својата смрт и побегна. Совршена диверзија”, напиша Хари.
Кога сфатил дека таа навистина умрела, му било многу тешко да ја прифати вистината. Тој долго време по смртта на мајка му се убедувал дека таа е жива и дека некаде се крие. Војводата од Сасекс потсети дека нему и на неговиот брат им било забрането да гледаат телевизија за да не гледаат извештаи и вести за смртта на нивната мајка.
Принцот Хари во своите мемоари „Spare“ напиша за конфликтот меѓу Кејт Мидлтон и Меган Маркл, како бил физички нападнат од неговиот брат Вилијам, дека посетил жена која има „моќ“ да зборува со мртвите и дека со нејзината помош контактирал со неговата покојна мајка, но и за скандалозната нацистичка униформа што ја носел на маскенбал по наговор на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам.