Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски заврши на 69. позиција од 81 натпреварувач на маратонот од 42 километри во Париз.
Ивановски истрча за време од 2:28:15 и не успеа да дојде до личен рекорд. Треба да се каже дека зад Дарио остана и олимпискиот победник Елуид Кипчоге кој се откажа на 30. километар.
Победник на маратонот беше Тамират Толат од Етиопија со кој со време од 2:06:26 постави нов личен рекорд. Зад него следуваа Башир Абди од Белгија и Бенсон Кипрут од Кенија.