Популарната пејачка Дара Бубамара добила за Нова година скапоцен поклон и тоа ни помалку ни повеќе, од нејзиниот поранешен сопруг, Милан Кесиќ.
Станува збор за часовник марка „рокелс“, а Дара ја искористи приликата да се пофали со поклонот на својот Инстаграм профил.
Овој модел на часовник чини околу 26 илјади евра. Дара и Милан пред два дена го пославија 10-от роденден на синот Константин.