Истражување направено во Данска покажува колку време се заштитени луѓето кои го прележале коронавирусот.
Oние кои се заразиле со коронавирус не може да се инфицираат најмалку осум месеци, покажала анализата на податоците за имунитетот на данските здравствени власти.
„Ние многу внимателно ги следевме податоците за време на истражувањето и веруваме дека имунитетот може да трае подолго од осум месеци“, изјави заменик-директорот на данската здравствена служба, Хелене Блистед Пробс.
Данските истражувачи не сакаат да коментираат за заштитата што ја обезбедуваат вакцините, што значи дека прашањето за ревакцинација останува отворено. Вирусот не е целосно познат, и останува многу детали да се истражат.