Луксузните автомобили се честа премија за победниците на елитните тениски турнири, а така беше и на последниот АТП турнир во Минхен.
Победникот Хелгер Руне си доби електричен БМВ И4, но за разлика од останатите тенисери, тој нe можеше да извози почесен круг на теренот како што налага традицијата и се најде во улога на совозач.
Проблемот е во тоа што 19-годишниот Руне се уште нема возачка дозвола, односно иако најави, се уште не го положил испитот кој ќе му овозможи да се најде зад воланот на некој од автомобилите во негова сопственост.
За Руне ова е втор автомобил освоен на турнирите на кои настапува, па ако ништо друго, засега ќе може да се пофали со својата богата колекција.
– Полагањето ќе ми одземе многу време и затоа се уште чека на ред. Автомобилот освоен минатата година го користи семејството и најчесто е возен од татко ми, – изјавил Данецот.