Дани Димитровска го одржа својот прв концерт во Македонската Филхармонија. Рок-симфомонијата која Дани, нејзиниот бенд, оркестарот на Филхармонија со диригентката Бисера Чадловска со љубов ја изведоа, ја препозна публиката и ги награди со овации и силни аплаузи.
Полна со енергија и видно возбудена и среќна, таа блесна на сцената облечена во оригинална креација. Се редеа „Најдобра до сега“, „Град за љубов“, „Црвени дождови“,„Срца две“, „Што до тогаш“…
„Вечерва се споивме сите во овој град за љубов. Сега сме сите едно“ – рече Дани. Коцертот го организираше продукцијата ДНА.