Британскиот актер Даниел Крег кој го игра тајниот агент 007 е во Белград. Како што објавија дел од српските медиуми Крег е во српската престолнина како извидница околу можноста новиот филм за Џејмс Бонд да се снима во Србија.
Инаку, лани актерот по многу шпекулации потврди дека уште еднаш ќе ја игра улогата на Џејмс Бонд. Претходно се ширеа гласини дека во новиот филм за агентот 007 ќе биде заменет од Том Харди или Џејмс Нортон, бидејќи Крег бил незадоволен од успехот на „Спектра“. Меѓутоа, тој за британските медиуми потврди дека ќе се појави петти и последен пат во оваа улога.
По заминувањето на Дени Бојл, најверојатно за прв пат “Џејмс Бонд 25“ ќе го режира Кери Фукунага.