Претседателката на Сојуз на стопански комори, Данела Арсовска смета дека “независните” експерти во Влада, кои ќе спроведуваат агенди, а не се избрани ниту одобрени од граѓаните, може да ја доведат целата држава и кревката македонска економија до крах
“Интересно ќе биде да се види листата на “независни” експерти кои предложени и избрани од политичките партии, би ја воделе идната експертска влада.
Досега имаше само поразителни резултати, кога партиите зад затворени врати далеку од очите на јавноста и спротивно на демократските принципи креираа дивоградби преточени во институции и тела кои треба да водат важни процеси. Некои од тие т.н. “експерти” неславно завршија, како одраз на погрешни кадровски решенија кои не се базирани врз принципот на меритократија, ниту се избрани со почитување на демократските принципи и владеење на правото.
Овој пат таквите партиски договори за “независни” експерти во Влада, кои ќе спроведуваат агенди, а не се избрани ниту одобрени од граѓаните, може да ја доведат целата држава и кревката македонска економија до крах“ – напиша Арсовска на својот Фејсбук профил.