Ријана (34) е позната како некој што сака да експериментира со принтови и бои, но овојпат се одлучила за нешто побезбедно.
Имено, Ријана е фотографирана во Санта Моника пред ресторан, а за оваа прилика облекла комплет составен од плишана тренирка и долго црно здолниште.
Од модни детали, пејачката носела само мала црна чанта, а од накит ставила прекрасно дијамантско ланче, обетки и прстени.
Во позадина на фотографијата, јасно се гледаат луѓе кои со задоволство гледаат во оваа икона на стилот од Барбадос.