Необична човечка приказна се случила во Тексас, САД. Во градот Корпус Кристи, осумнаесетгодишно девојче излегло во Старбакс да пие кафе. Постар странец и пришол сакајќи да започне разговор, но девојката не била расположена за разговор.
Вработен во Старбакс ја забележал сцената, па на девојката и дал шолја топло чоколадо на кое пишувало:
„Дали сте добро. Ако сакате да се вклучиме и да ви помогнеме,тргнете го капачето од кафето?
Девојката рекла дека е добро. Подоцна таа и кажала се на нејзината мајка Брејди Селим Робертсон, која им се заблагодарила на вработените во Старбакс.
– Се надевам дека сите ќе научиме нешто од оваа приказна, за да им помогнеме на непознати во неволја – истакнала мајката на девојчето, Брејди Селим Робертсон.