Д-р. Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија, објави статус на неговиот профил на Фејсбук преку кој постави неколку прашања.
“Прашања до сите Пратеници во Собранието (предавници, патриоти, верници атеисти, леви, десни):
■ Кога ќе усвоите закон за потекло на имотот од 1991 до денес ???
■ Кога ќе ги укинете патните трошоци ???
■ Кога ќе изгласате закон за намалување на Собранието на 60-80 пратеници, избрани од една изборна единица, со отворени листи ???
● Дали мислите дека некој Ви верува и Ве почитува ???
● Дали ја знаете разликата меѓу народен и партиски пратеник ???
● Дали сте спремни да се откажете од пратеничкиот имунитет и привилегии ???
Прашања до сите граѓани на Македонија
☆ Дали ќе има еден јунак од сите 120 Пратеници, кој искрено ќе одговори сите прашања ???
☆ Дали би сте гласале повторно за некој од Пратениците во Собрание ???“ напиша д-р Беќаровски