Директорот на Националната асоцијација на туристички агенции во Србија, Александар Сеничиќ, изјави дека интересот за патувањето бил многу поголем од лани, сè до почетокот на украинската криза, која доведе до поскапување на превозот и таксите за престој.
Според него, нормално е да се очекува намалување на ковид мерките поради епидемиолошката состојба.
Тој потсети дека Грција во понеделникот ја укинала обврската за поседување ПЛФ образец (Passenger Location Form) за влез, а Црна Гора и Албанија најавија дека ситуацијата ќе биде иста како и минатата година и дека туристите ќе можат да влезат во тие земји без посебни услови.
Сеничиќ очекува дека поради украинската криза ќе се намали бројот на гости во Египет и Тунис, кои сметаа на руските и украинските туристи, што може да доведе до пониски цени на аранжманите.
Поради кризата во Русија и Украина, Црногорците несомнено ќе настрадаат и оваа сезона, имајќи го предвид големиот прилив на руски и украински туристи од претходните години.
Извор; blic.rs