Дали сме конечно блиску до лек за рак? По 20 години истражување, научниците ја создадоа таблетата AOH1996, која напаѓа варијанта на канцероген протеин, т.е. антигенот на пролиферирачки клетки (PCNA), присутен во повеќето канцерогени клетки, што го стимулира нивниот раст и репродукција. Во исто време, здравите клетки остануваат непроменети.
Таблетата AOH1996 е создадена во City of Hope во Лос Анџелес, една од најголемите американски организации за истражување и третман на рак, пишува Sky News. Се покажа дека пилулата е ефикасна во лекувањето на повеќе од 70 различни типови на канцерогени клетки; од рак на дојка, простата, мозокот, јајниците, грлото на матката, кожата и белите дробови.
Професорката Линда Малкас, која го разви лекот, објасни: „PCNA е како центар на главниот аеродромски терминал кој содржи повеќе излези за авиони. Податоците сугерираат дека PCNA во клетките на ракот е единствена, што ни овозможи да создадеме лек кој конкретно ја напаѓа PCNA во клетките на ракот.
Иако првичните резултати се ветувачки, претходните истражувања заклучија дека AOH1996 може да го потисне растот на туморот кај клеточните и животинските модели, но првата фаза од клиничките испитувања на луѓе моментално е во тек.