Се чини дека наесен ќе биде достапна комбинација на вакцини кои ќе пружат дополнителна заштита против варијантата омикрон на коронавирусот.
Тоа го открија од „Модерна“ и се чини дека таа вакцина ќе биде главен кандидат за бустер вакцина оваа есен. Но, некои луѓе и денес се прашуваат дали треба и пред да есен да примат бустер вакцина.
Ова се одговори на некои од најчестите прашања поврзани со дополнителната доза вакцина.
Ако неодамна сте прележале ковид, дали треба да примите дополнителна вакцина?
Според пишувањата на Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), најдобро е почекате симптомите да исчезнат пред да примите дополнителна доза вакцина против ковид. Некои стручњаци сметаат дека е најдобро да почекате и три месеци откако се повлекле симптомите на болеста.
Дали треба да се почека со втората бустер доза до есен?
Хана Њуман, директорка на Одделот за инфективни болести во болницата Ленокс во Њујорк, советува вакцина да примите што е можно побрзо, бидејќи денес е зголемен бројот на заразени, па најдобро е да вакцинирате за да стекнете антитела. Д-р Амеш Адаља наведува дека е потребно да почека седум дена за да се развијат антитела и имунолошкиот систем да може да реагира на вирусот.
Дали по втората бустер доза ќе се појават нови симптоми?
Доктор Њуман вели дека нуспојавите во овој случај можат да бидат различни од личност до личност, но додава дека тие сигурно ќе бидат краткотрајни и може да се ублажат со лекови. Температурата, болката во телото и отечените лимфни јазли се некои од симптомите на реакцијата на имунолошкиот систем на вакцината.
Дали треба имунокомпромитирачките лица да примат втора бустер доза?
Американската агенција за лекови авторизираше дополнителна бустер вакцина за сите кои се постари од 50 години, но и за оние постари од 12 години, ако се работи за лице на кое му е загрозен имунитетот.
Како делува новата вакцина – „Новавакс“?
Администрацијата за храна и лекови на САД (ФДА) ја одобри вакцината на „Новавакс“ за возрасни, давајќи им на Американците уште еден избор на вакцина против ковид-19. Се работи за вакцина чија основа се протеини, а такви вакцини се користат веќе со децении. Вакцините против хепатитис Б и ХПВ, исто така се базираат на протеини. Се разликуваат мРНА – базираните вакцини „Модерна“ и „Фајзер“, кои му даваат на телото инструкции да произведува протеин за имунитетот да може да се потпре на него и да го препознае во иднина.
Центрите за контрола и превенција на болести сè уште мора да препорачаат како да се користи вакцината на „Новавакс“ пред да почне имунизацијата.