Познатата манекенка Кара Делевињ минатото лето беше во центарот на интерес за сите медиуми, откако во многу чудни изданија се појави во неколку наврати.
Имено, папараците ja снимале на аеродромот во Лос Анџелес одејќи во чорапи, со растурена коса и нервозно зборувајќи на телефон.
Како што пренеле ТМЗ, семејството и пријателите ја замолиле да оди на рехабилитација поради наркотици.
Сепак, Кара се појави на доделувањето на САГ наградите и го воодушеви светот со своето елегантно издание.
На црвениот тепих прошета целата во црно и со насмевка на лицето, а многумина коментираа дека очигледно лошиот период е зад неа.