Медицинската сестра Кетрин Ајви која работи на одделот за интензивна нега во една американска болница, ја остави шокирана пошироката јавност откако на Твитер сподели свои фотографии од тоа како изгледала пред пандемијата и како изгледа сега. Како што вели, таа кариерата ја започнала непосредно пред пандемијата.
-Ја обожавам својата работа, обожавам тоа да го правам. Не очекував дека кариерата ќе ја започнам среде крајно исполитизирана пандемија, но животот е како пандемијата, брз и непредвидлив. Не би работела во моментов ништо друго освен мојата работа. Грижата за пациентите ми е чест и благодарна сум на оваа прилика. Ужасна е да се набљудува како умираат луѓе чија смрт можела да се спречи. Уште полошо е што сите умираат на ист начин. Поразително е тоа што луѓето го игнорираат здравиот разум и што една страшна болест толку е исполитизирана. Ковид 19 е брутална болест и не би ја посакала ни на најлоѓиот непријател. Ве молам сфатете, кога ги почитувате мерките, не се штитите само себе туку и сите околу себе -додала Кетрин во опис на фотографијата.