Дали големината е навистина важна?
Мажите ова вечно прашање постојано ќе го поставуваат без разлика колку и да се обидувате да ги уверите дека големината не е пресудна. Уште повеќе, за жените сексот може да биде премногу болен доколку партнерот има голем пенис, а од друга страна пак, малиот неможе да задоволи.
Дали е важно траењето на сексуалниот чин?
Во желба сексот да не трае прекратко, мажите понекогаш користат и мали трикови па за време на односот размислуваат за нешто сосема трето. Но, тоа може да има обратен ефект, па сексот да трае предолго, а понекогаш и по 45 минути. Значи, траењето на сексот е важно, а за жената да биде задоволена во просек мора да трае од 15 до 20 минути.
Дали предиграта е преценета или поценета?
Поголемиот број жени сакаат предигра. Но, таа не подразбира само бакнување, галење и слично. „Загревање“ за секс може да биде и начинот на кој мажот говори, состанокот и воопшто времето што го поминувате заедно пред сексот.
Сепак, понекогаш брзиот, спонтан секс, како оној на кујнска маса, може да биде страсен како и сексот со предигра. Значи, примарната разлика не е во тоа што сексот со предигра е подобар од оној без предигра, туку дека е поинаков.
Дали жената е незадоволна ако не доживее оргазам?
Би можело да се рече дека жената се осеќа изневерено ако партнерот не и приушти оргазам. Сепак тоа е главен показател дека на мажот му е важна партнерката. За жените оргазмот е важен речиси како и за мажите, единствена разлика е во тоа што тие не чувствуваат болка во интимните предели ако се возбудат, а не го доживеат.
Дали оралниот секс е подобар од обичниот?
Мажите обожаваат кога партнерката орално ќе ги задоволи и за тоа разговараат меѓу себе многу повеќе отколку за обичниот секс. Затоа мошне ги чуди кога жената не сака орален секс, па дури и кога нејзе и се пружа задоволство, а има и такви.
На жените треба да им се даде време самите да одлучат кога е вистинскиот миг за тоа. Во некои случаи оралниот секс би моѓел да се опише како пријател што ретко излегува, но кога ќе излезе, одличната забава е загарантирана.