Сараевска поп група “Црвена Јабука“ во време на пандемија, на 8 и 9 март одржа два концерти во белградската Комбанк арена, што ја разбранува српската јавност.
Што е најинтересно, во време кога се најавува локдаун во Србија, неколку дена пред овие концерти настапила и Ивана Негатив, а се најавуваат и концертите на Џенан Лончаревиќ и на уште неколку групи.
Концертите предизвикале жестоки реакции:
„Ова е навреда и непочит кон сите доктори“, „Дали во земја Србија некогаш нешто било нормално? Сите знаеме дека одговорот е не, така што – што е чудно?“, се само дел од коментарите наТвитер на која што е споделена снимка од концертот, со опис: „Дали вие се шегувате со нас?“.
Je l' se vi šalite sa nama?! Kombank dvorana večeras?! pic.twitter.com/njWzcgU3Pk
— Ksenija (@Ksenija76o) March 9, 2021