Венсан Касел се појави првпат во јавноста по гласините дека се разведува од сопругата Тина Кунаки, на премиерата на својот нов филм во Шпанија.
Тој се појави на промоцијата на својот нов филм во Мадрид во Шпанија, облечен во лежерен, црн капут, фармерки и патики. Во текот на целата вечер тој изгледал исклучително задоволно и среќно.
Многумина се прашале дали толку добро треба да изгледа човек на којшто бракот му се уништува?
Инаку, ова е неговото прво појавување на црвен тепих откако се проширија гласините дека ја напуштил својата втора сопруга, Тина Кунаки – по пет години брак.
Веста за разводот на Тина и Венсан предизвика шок во индустријата на забавата, пред сè затоа што се веруваше дека тие двајца неверојатно се сакаат и дека се заљубени и после толку години брак.
Иако точната причина на нивниот развод сè уште не е позната во јавноста, сите претпоставуваат дека Венсан е тој којшто одлучил да се разведе затоа што прв ги избришал сите заеднички фотографии со својата сопруга на својот Инстаграм профил.