Неодамна премиерата на филмот „Madame Web“ во Лос Анџелес беше настан кој ретко кој не го коментираше благодарение на актерката Дакота Џонсон.
Нејзината глума овојпат не беше главна тема, туку фустанот кој го носеше на премиерата. Тоа е мрежеста ткаенина која имаше малку за покривање.
Таканаречениот пајак фустан, делумно светкав, скроен само за Дакота, е дело на модната куќа Гучи, а креацијата имаше една цел – да ја прослави убавината на телото на актерката.
Бодите во боја на кожа беше за да ја сокрие интимноста, а сѐ останато фустанот вешто го потенцираше.
А сега споменатите сцени беа заменети со некои нови во светот на познатите, фотографиите на Дакота од нејзиниот одмор во Мексико.
Времето го поминува во друштво на нејзиниот партнер Крис Мартин, кој беше во брак со Гвинет Палтроу од 2003 до 2016 година.
Парот уживаше во заедничките моменти, а 34-годишната Дакота ја покажа својата беспрекорна фигура во бел костим за капење.
Дакота е позната по редовните тренинзи, што често е дел од нејзината подготовка за улогите. Ѕвездата од серијата „Педесет нијанси“ очигледно многу вложува во својот изглед, а сака да и ги покажува на јавноста сите свои атрибути.