59-годишната дадилка Живка П. која пред два дена на камерите во игротеката „Дежаву“ беше фатена како претепува двегодишно дете, е спроведена во истражниот затвор во Шутка, откако ѝ беше определен 30-дневен притвор објави „А1он“
Дадилката ќе одговара за кривично дело запуштање и малтретирање на дете од чл.201 од Кривичниот законик, за кое е предвидена затворска казна од една до десет години затвор.
Настанот се случи во четвртокот кога кога сопственикот на игротеката „Дежаву“ пријавил дека околу 11 часот при проверка на безбедносните камери забележал како женско лице во игротеката физички малтретира дете.