Гола жена била спасена од шахта во плажата Делрај, Флорида, откако паднала во неа и останала три дена.
Несреќната жена ја слушнал случаен минувач како липа, а потоа тој и пришол и се шокирал. Потоа повикал полиција, а тие пожарникарите кои ја извлекле на површината.
Жената паднала во шахтата во текот на вечерта кога невремето, проследено со силен дожд, беснеело низ градот. Бидејќи шахтата е во многу оддалечен дел од градот, каде што жива личност често не поминува 2-3 часа, како што велат, никој не можел да ја слушне.
Кога била извлечена, таа била целосно покриена со темни дамки и имала рани на телото. Таа беше дезориентирана, но се опорави. Сепак, таа немаше одговор на главното прашање.
-Сè уште не можеме да утврдиме како се нашла во оваа ситуација и што се случило со нејзината облека. Бегала ли од некого? Дали тогаш била гола? Како тоа немаше ниту гаќички? Дали некој ја нападнал и ѝ наредил да се соблече? Таа сè уште не може да се сети што точно се случило. Таа вели дека многупати се онесвестила внатре, а потоа кога се освестила, викала и плачела, но никој не ја слушнал, бидејќи врнел дожд два дена. „Да не се сеќаваш на ништо или да не ја кажуваш вистината е најлошата опција во моментот“, рече полициски инспектор во Делрај.