Ендрју Мекгинли од Њукасл, кога во петокот се вратил дома ги пронашол безживотните тела на своите три деца: 9-годишниот Конор, 7-годишниот Дара и 3-годишната Карла. На прозорецот го дочекала порака: “Не се качувај горе … повикај полиција”.
Полицијата во вторникот уапсила жена во 40-ти години поради сомнеж дека извршила убиство, а подоцна се утврдило дека тоа е мајката на мртвите деца, Деидре Морли.
“Немам зборови за тоа. Само пустош, тага и болка”, изјавил Мекгинли. “Секој здив е напорен. Конор, Дара и Карла се толку сакани. Ги чекаше убава, светла иднина со семејството, пријателите и соседите”, додал тој.
“Сакам да им порачам на сите родители, гушкајте ги вашите деца кога и да имате прилика за тоа. Кажувајте им колку ги сакате што почесто и поминувајте го секој слободен момент читајќи им, играјќи си со нив и уживајќи во нивната волшебност. Иднината стана наш непријател, но секојдневно ќе се бориме да го зачуваме споменот за Конор, Дара и Карла”, изјавил таткото, скршен од болка.
Смртта на децата длабоко ги потресла и соседите кои велат дека местото во кое што живеат е мирно. Тие оставаат цвеќиња пред домот каде, како што се претпоставува, живееле децата со својата мајка.
“Metro” претходно известил дека таткото ја затекнал полицијата и пожарникарската служба на имотот кои му рекле да не се “качува по скалите каде лежеле неговите мртви деца”.
Деидре Морли е уапсена и одведена во универзитетската болница во Талат, каде ѝ била укажана помош.
Итната служба ја пронашла Деидре онесвестена на улицата каде се наоѓала куќата. Се претпоставува дека конфузно шетала низ населбата во тешка емоционална состојба, пред такси возило да ја врати дома. Соседите го повикале Мекгинли да го предупредат дека нешто не е во ред.
Инаку, сè уште не е познато како починале децата бидејќи резултатите од обдукцијата не се објавени поради истрага. Се очекуваат и токсиколошките резултати.